Пребарај во:
што содржи:
залиха: 
Сортирај:
 
Групи производи

Акција во јули и август на web components и софтвер за материјално и финансиско работење
     
 

За нас

 
     
      
     
 

       АгроТехнА е основана на 16.11.1990 година. Компанијата бележи стабилен и конзистентен развој. Во Македонија таа претставува една од водечките компании за продажба на бела техника, акустика, апарати за домаќинство, велосипеди, мотори, алати за домашна и полупрофесионална употреба, мебел и се друго што е потребно за уредување на еден дом. АгроТехнА во моментов брои повеќе од 90 вработени, има 11 сопствени продавници и 30 изложбено-продажни простори кои се дел од најголемите супер маркети во Македонија. Компанијата располага со магацински простор од 2800м2 од кој секојдневно се дистрибуираат производи во околу 1480 компании низ другите градови во земјата.

      АгроТехнА е ексклузивен увозник и дилер на повеќе познати брендови во Македонија како Severin-Германија,  gorenje-Словенија, Varo powerplus-Белгија, BLIST-Србија, Termil-Србија и други.
      Компанијата е сопственик на брендот maX. Производите кои го носат името на овој бренд се организирани во неколку производни и продажни групи:
• maX air - аспиратори
• maX air con - клима уреди, вентилатори, овлажнувачи на воздух
• maX clean – правосмукалки, чистачи на пареа
• maX cook - мини шпорети, решоа, микробранови печки (вградени и самостојни), електрични бокали
• maX juicy - соковници
• maX mix - блендери, миксери
• maХ bike - велосипеди, мотори
• maХ outdoor - надворешна опрема
• maХ heat - грејни тела
      Освен брендирањето на горенаведените производи, АгроТехнА продолжува кон исполнување на своите цели за зголемен асортиман на производи од брендот maХ. Сето тоа се одвива непречено и покрај неповолниот економски период на глобално ниво. Освен проширувањето на maХ групите, годишниот план на компанијата содржи и отпочнување со работа во полето на нови групи на производи. Поточно, компанијата планира да го зголеми увозот, со отпочнување соработка со нови брендови За сето ова да се одвива во најдобар можен ред, АгроТехнА се стреми кон проширување на човечките ресурси во компанијата. За тие да функционираат беспрекорно ефективно и ефикасно, оваа компанија се стреми кон создавање на поволни услови за работа во новоизградените или обновени простории.
 
со почит,
АгроТехнА д.о.о.

 

 

 

 
  Powered by Dejan Jovanovski